петок, 18 октомври 2024

Вучиќ: Не продаваме оружје ни на Украина ни на Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Ние на ниту една од нив не продаваме оружје и орудија“, кажа Вучиќ.

Наведе дека Србија им продава муниција на Чешка, Шпанија, Америка, Турција, Азербејџан, но како што наведе, не може да знае каде ќе се појави таа муниција, и „тоа не може да го бираме“.

Вучиќ претходно, во интервју за Фајненшал тајмс, кажа дека не се противи на тоа Србија да продава муниција на посредници кои ѝ ја испорачуваат на Украина.

Претседателот на Србија кажа дека е запознаен со извештаите на американската влада дека српска муниција преку посредници завршила во Украина и дека не планира тоа да го спречи.

Во разговор за телевизија Прва, српскиот претседател повтори дека таа земја нема да ѝ воведува санкции на Русија сè додека може, и додека издржува.

„Досега издржавме. Досега нашите одлуки се покажаа добри, дали ќе издржиме или не, јас нема да се колнам, за разлика од други“, кажа Вучиќ.

Додаде дека „води независна политика, во интерес на државата и народот и дека така ќе продолжи“.

Србија е една од ретките земји во Европа која не ѝ воведе санкции на Русија откако таа земја ја почна инвазијата на Украина.

Зборувајќи за Косово, Вучиќ наведе дека очекува „нова офанзива“ на премиерот на Косово Аљбон Курти, со тврдење дека таа временски ќе се поклопи со офанзивата на украинските сили на фронтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ