Првата средба ја одржаа шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и Курти.
Борел на Твитер порача дека ситуацијата на северот на Косово е напната и дека денеска целта им е да најдат решенија за итно смирување и пат напред. Вучиќ претходно изјави дека нема смисла да се состанува со Курти. Пропадна обидот да се организира заедничка средба меѓу Вучиќ и Курти.
Вучиќ рече и дека на средбата ќе донесе извештај за здравствената состојба на уапсените Срби, кои ги посетил офицерот за врска на Косово, велејќи дека се во тешка ситуација.
The situation in the north of #Kosovo continues to be very tense.
Today, we aim to find solutions for immediate de-escalation and way forward.
The meeting with Prime Minister @albinkurti has started. pic.twitter.com/Pdu6F0LBgT
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) June 22, 2023
Итен состанок
Борел ги покани двајцата лидери на итен кризен состанок денеска во Брисел, додека Вучиќ рече дека ќе дојде, но дека не сака да се сретне со Курти.
„Ги поканив лидерите на Србија и Косово на итен состанок со цел да се најде излез од актуелната криза. Мора веднаш да ја деескалираме ситуацијата, да одржиме нови избори на северот на Косово со учество на косовските Срби. Тоа е од најголема важност за регионот и ЕУ“, напиша Борел на Твитер.
„Ќе одам во Брисел да разговарам – час, два, десет – со Борел, но со Курти немам што да разговарам“, изјави Вучиќ за РТС.