Воведно обраќање на настанот ќе има Ален Деребан, заменик министер за правда, по што ќе следува презентација на процесот на изработка на нацрт измените и дополнувањата на Законот за судски совет.
Целта на тркалезната маса е да се поттикне стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот, подготвени од работна група во рамки на Министерството за правда.
Ова е втора од неколкуте консултации кои Министерството планира да ги организира за да обезбеди транспарентен и инклузивен процес за унапредување на законската рамка за работењето на Судскиот совет.
Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на законот.