петок, 18 октомври 2024

Втор пораз на Јунајтед по ред, голман даде гол од 85 метри! (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Навивачите на Евертон со воодушевување гледаат како топката оди во голот на Богдан

Хауард постигна гол од 85 метри, но и тоа не беше доволно неговата екипа да не загуби од Болтон со 1-2.

Демба Ба и Кабае со извонредни голови донесоа водство од 2-0 за Њукасл против „црвените ѓаволи“, и тоа во првиот дел од мечот, а убедливиот триумф на домашните со автогол во 90. минута го запечати Џонс. Ова е втор едноподруго пораз за тимот на Алекс Фергусон, а вкупно трет во досегашниот тек од првенството, по што сега заостанува со три бода зад водечкиот Манчестер Сити.

Евертон и покрај водството од 1-0 со неверојатниот гол на голманот Тим Хауард дозволи Болтон комплетно да го смени текот на натпреварот и со головите на Н’Гог во 67-та и Кејхил во 78. минута од средбата да дојде до три бода.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=bkCzQN1T5Tg]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ