петок, 18 октомври 2024

Врховниот лидер на Иран: Шведска тргна во војна против муслиманскиот свет

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите во Шведска во четвртокот клоцаа и делумно уништија Куран пред ирачката амбасада во Стокхолм, но не го запалија како што се закануваа, изјавија очевидци на Ројтерс.

Стотици луѓе упаднаа во шведската амбасада во центарот на Багдад во четвртокот рано наутро и ја запалија во знак на протест против очекуваното палење на светата книга на исламот во Шведска истиот ден.

Шведските власти го осудија чинот, но рекоа дека не можат да интервенираат поради правилата за слобода на говорот.

Иранските државни медиуми објавија дека Хамнеи побарал од Шведска да ги предаде одговорните на исламските земји.

„Сите исламски научници се согласуваат дека оние кои го сквернават Куранот заслужуваат најстрога казна. Должност на шведската влада е да го предаде сторителот на правосудните системи на исламските земји“, рече Хамнеи преку државните медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ