петок, 18 октомври 2024
Случај Транспортер

Врховен суд ја одби жалбата, останува казната од седум години затвор за Талески

Објавено на

часот

Сподели

Советот за казниви дела при Врховниот суд донесе пресуда со која барањата на осудените В.Т. и С.Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје 31 март 2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје 8 април 2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ.Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје 31 март 2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје 8 април 2022 година го отфрли како недозволено затоа што истиот е осуден на условна казна затвор па според законот тој немал право да поднесе жалба до Врховниот суд.

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески е осуден на 8 години затвор, а поранешниот секретар на општина Слободан Бончановски е осуден на казна затвор од пет години и шест месеци. И другите 19 обвинети беа прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Оштина Битола во времето на мандатот на Талески, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни.

Случајот „Транспортер“ се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, а го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ