понеделник, 21 октомври 2024

Врховен пресече, жалбата на Груевски за „Плацеви на Водно“ е неоснована

Советот за казниви дела при Врховниот суд на седницата одржана денеска донел одлука дека барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за случајот „Плацеви на Водно“ е неосновано.

Објавено на

часот

Сподели

„Советот за казниви дела при Врховниот суд донесе пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано“, се наведува во соопштението на Врховниот суд без при тоа да даде детали за ваквата одлука. 

Во април минатата година, Основниот кривичен суд Скопје го осуди Груевски на седум години казна затвор, а по жалба на обвинителството во април годинава Апелацискиот суд Скопје му ја големи каната на девет години затвор. Освен казната затвор, судот му конфискуваше два стана на улица Бихаќка, три апартмана во Панорама резиденс во Скопје, како и градежно земјиште во општиа Центар и во село Норово. 

Груевски во случајот „Плацови на Водно“ е осуден за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. Според пресудата, поранешниот премиер ги злоупотребил парите од донациите на ВМРО-ДПМНЕ за незаконски за себе да стекне имот. 

По ова тој побара, Врховниот суд да ја преиспита правосилната пресуда. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ