понеделник, 25 ноември 2024

Вреди: Зошто во МАНУ нема вработен ниту еден Албанец?

Повикува на поддршка на оваа племенита иницијатива и на ангажман во конструктивен дијалог за да се осигура дека овој проект ќе се реализира успешно и ќе донесе корист за сите граѓани на Македонија, затоа што само преку соработка и разбирање можеме да изградиме подобра заедничка иднина, се вели во соопштението на коалицијата Вреди по реакциите против нивниот план за основање на албанска академија на науките и уметностите во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

„Пред да реагираме инстинктивно и со емоции, правилно да се постави дилемата: зошто во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), институција од клучно значење за науката во земјата, до денес нема ниту еден вработен Албанец? Зошто Албанците, втората најзначајна заедница во Северна Македонија, се исклучени од институција која треба да ги претставува и да ги поддржува сите етнички и културни групи во земјата?

На академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ. Напротив, ние ја гледаме оваа иницијатива како можност за соработка и синергија помеѓу двете академии, промовирајќи размена на идеи и искуства, и придонесувајќи за напредокот на науката и уметноста на национално и меѓународно ниво.

На оние кои академијата за науки и уметности на Албанците ја нарекуваат ‘квази-академија’ им порачуваме: ставете ја главата во некоја дупка и не излегувајте следните 20 години, бидејќи вие го уништивте образованието и културата на Албанците. ДУИ со спротивставувањето на оваа иницијатива уште еднаш докажува дека е на иста линија со ВМРО-ДПМНЕ кога се во прашање албанските национални проекти.

Основањето на aкадемијата за науки и уметности на Албанците претставува важен чекор кон напредувањето на науката, уметноста и културата на Албанците во Северна Македонија. Оваа институција ќе служи како академски и културен центар кој има за цел да ја промовира и развива знаењето и креативноста на албанскиот јазик и традиција, придонесувајќи на тој начин за обогатување на мултикултурниот мозаик на нашата земја“, соопшти коалицијата Вреди.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ