понеделник, 25 ноември 2024

Вреди: За гревовите на Шкодран Толај, пејачот на Али Ахмети

ДУИ и нејзините сателити постојано ја понижуваат албанската култура, а најновиот пример за ова понижување е Ансамблот на албански песни и ора во Македонија со директорот на оваа институција, Шкодран Толај, кој како единствено достигнување во својата кариера има фактот дека е личен пејач на Али Ахмети, се вели во соопштението на коалицијата Вреди по вчерашните информации за случувањата во овој ансамбл.

Објавено на

часот

Сподели

„Сведоштвата на вработените во Ансамблот на албански песни и ора се скандалозни и ужасни. Коалицијата Вреди ја поздравува храброста и одважноста на овие вработени кои јавно ги открија ‘гревовите’ на пејачот на Али Ахмети, Шкодран Толај.

Оваа личност, наместо да се занимава со напредокот на културата, се занимавал со сѐ друго освен со својата примарна должност, што е карактеристично за партијата која ја водеше владата веќе 22 години со непрофесионални кадри. Наместо да го реши статусот на вработените, тој избра да ги остави во неизвесност и да ги деградира, покажувајќи ароганција и недостиг на одговорност.

Коалицијата Вреди, како дел од владата, остро ги осудува постапките на директорот на Ансамблот на албански песни и ора, Шкодран Толај. Тој имаше можност да го реши статусот на уметниците, но одлучи да го следи истиот пат на неспособност и негрижа како и секоја друга институција управувана од ДУИ и нејзините сателити.

Ги повикуваме и јавниот обвинител да влезе во оваа институција и да испита дали има уште поголеми злоупотреби во неговото работење.

ДУИ и нејзините сателити ја покажаа својата неспособност за управување со јавните институции и за служење на граѓаните. Освен за криминал и корупција, тие не покажаа вештини во ниту една друга област, донесувајќи голема штета на нашето општество.

Коалицијата Вреди се залага да го следи ова прашање до неговото целосно решавање и да осигура дека правдата ќе биде задоволена. Ние сме посветени на заштитата на нашата албанска култура и наследство и на осигурување дека нашите уметници ќе ја добијат поддршката и почитта што ја заслужуваат“, соопшти Вреди.

Вчера 34 вработени избркани од работа во Ансамблот на албански песни и ора јавно излегоа и побараа да се вратат на работа и да има истрага за мобинг во ансамблот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ