„Зијадин Села и Кренар Лога смислиле евтино алиби зошто ќе одат спротивно од волјата на мнозинството Албанци. Арбен Таравари јавно им ги понуди печатите на Алијанса на Албанците ако навистина се определени за самостоен настап на изборите. Зијадин Села не се изјаснува за оваа понуда бидејќи ние знаеме дека одамна е договорен да служи исклучиво на интересите на Али Ахмети.
Затоа Села и го направи расколот во Алијанса за Албанците. Искрено жалиме што Села и Лога ги ставија личните пред интересите на Албанците кои јасно и недвосмислено се определени да ја испратат ДУИ во опозиција. Има време до сабота, ако случајно се премислат, ќе ги добијат печатите на АА за пратенички листи за самостоен настап“, соопшти коалицијата Вреди.
Инаку, како што веќе објави МКД.мк, според албанските медиуми, коалицирањето на Села со ДУИ е завршена работа, нему му е понудено да биде носител на изборната листа во Изборната единица 5, а дека е пресметано дека може на изборите Алијанса на Села да добие уште три или четири пратенички места со поддршка на Европскиот фронт на ДУИ.