Истовремено, велат од Вреди, барањето за автентично толкување кое го поднеле во Собранието, како дел од нивниот план за справување со штетните последици од коцкањето, ќе овозможи затворање на интернет коцкарниците и ќе создаде правни предуслови за одговорност за сите поранешни функционери кои со неодговорни одлуки ја донеле коцката во секој дом.
„Новата Влада го започна процесот на обезбедување на владеење на правото, правната сигурност и еднаквост пред законите и тоа веќе никој не може да го сопре. Кривичните пријави против Дрин и Бесијан Ахмети е потврда дека повеќе нема недопирливи само затоа што се роднини на високи партиски функционери. Очекуваме правосудните органи да делуваат ослободени од политички влијанија, да ги ценат доказите во фер и транспарентна постапка што ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните дека правдата е достижна и за највисоките политички кругови“, пишува во соопштението на коалицијата Вреди.