„ДУИ, со својата политичка ароганција и долгогодишно владеење, сè уште мисли дека може да присвои секое достигнување на албанскиот народ. Со ароганција се осмелија да организираат паралелен настан за овој значаен ден, спротивно на бројните повици да не го делат народот за овoj настан што треба да нè обедини сите.
Тие секогаш кога зборуваат за ‘Охридскиот договор’ и се обидуваат да наметнат теми за легитимитет, треба да се разбере дека е обид да се оттргне вниманието од нивните корупциски скандали и одговорноста за нивниот 22-годишен режим. Тие се обидуваат да ја прикријат своeto минато преполнo со корупција, криминал и лошо управување.
Со доаѓањето на коалицијата Вреди на власт, повеќе нема ‘Арберија дизајн’ за организирање на Охридскиот Рамковен Договор за стотици илјади евра.
Со доаѓањето на коалицијата Вреди на власт, повеќе нема лични желби, веселби и несериозност со единствена цел – збогатување.
Со доаѓањето на Вреди на власт, заврши времето на неодговорност.
Со доаѓањето на Вреди на власт заврши ароганцијата на власта кон народот. Времето на презир и присвојување на достигнувањата на албанскиот народ од оние кои ги искористија за свои интереси заврши засекогаш.
Коалицијата Вреди е решена да ги промовира вредностите и достигнувањата на албанскиот народ со чест и одговорност, заштитувајќи ги интересите на граѓаните и борејќи се против секоја форма на корупција и злоупотреба на власта.
Заедно ќе ја изградиме иднината што албанскиот народ ја заслужува“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди..