„Во овие времиња на тектонски политички промени, во кои ДУИ и нејзините сателити во опозицијата секојдневно клеветат, измислуваат и подготвуваат амбиент за оспорување на придобивките на Охридскиот договор заради заштита на криминалот, од суштинско значење е да се обединуваме уште посилно и да работиме заедно за да одговориме на потребите на граѓаните, особено Албанците. Вреди е изграден врз принципите на правда, транспарентност и посветеност за обезбедување повисок животен стандард на граѓаните. Нашата политичка издржливост е нашата најголема сила и претставува вистинска гаранција дека граѓаните можат да се потпрат на нас за ефективно и правично служење исклучиво во нивен интерес.
Нашата цел е Вреди да биде политичкиот партнер кој не само што ќе ги идентификува и решава секојдневните проблеми на Албанците, туку и ќе нуди конкретни и остварливи решенија за поставување фундаменти за сигурна иднина. Сметаме дека со добро дефинирани чекори и одлучни делувања можеме да ги донесеме потребните промени и да изградиме подобро утре за сите.
По формирањето на политичкото координативно тело на Вреди, следува и формирање на комисија за прашањата на изборите, именувањата и надзор на спроведување на политиките.
Остануваме посветенни на својата мисија да ги заштитиме и промовираме интересите на граѓаните и да обезбедиме правично и одговорно владеење. Заедно ќе продолжиме да одиме напред со храброст и одлучност. Вреди е единството на Албанците“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди.