вторник, 22 октомври 2024

Вреди: Ќе ја вратиме функцијата заменик директор во АР

Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби зашто фактите говорат дека кога Талат Џафери беше министер за одбрана имаше нула Албанци застапени во армиската единица Волци, пишува меѓудругото во денешното соопштение на коалицијта Вреди по вчерашната реакција на опозициската партија ДУИ, а во врска со разрешувањето на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Објавено на

часот

Сподели

„Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во ‘Волците’. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциите, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите.
Коалицијата Вреди има заменик директор во Агенција за национална Безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање. После оваа реформа предлогот на Вреди за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба“, велат од Вреди.

Оттаму велат дека ќе ја вратат функцијата заменик директор на Агенцијата и дека тој ќе биде Албанец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ