понеделник, 25 ноември 2024

Вреди: Ете го ветингот на ДУИ, Иџет Мемети се спогоди со Ислам Абази

Постигнатиот договор помеѓу Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција под раководство на Ислам Абази (за чие назначување недоверба изрази и нашиот стратешки сојузник) и Иџет Мемети, поранешен член на Советот на јавни обвинители и една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ, е најјасниот доказ зошто граѓаните имаат доверба во правосудниот систем од само два проценти, реагира коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Вреди ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ. Овој случај станува симбол на сè што не е во ред со нашиот правосуден систем. И со право граѓаните реагираат со гнев и недоверба.

Фактот што Мемети, човек со долгогодишна историја на високи функции во 22-годишното владеење на ДУИ, како министер за правда, уставен судија и народен правобранител, ја призна вината за случај на мито од 10 илјади евра, откако првично тврдеше дека е невин, е шлаканица за сите оние кои бараат правда во оваа земја.

Оваа недоверба е рефлексија на систем кој повторно и повторно не успева да обезбеди вистинска правда за своите граѓани, штитејќи ги повеќе интересите на моќниците и на оние поврзани со поранешната власт.

Коалицијата Вреди бара длабока реформа на правосудниот систем. Ние ќе продолжиме да се залагаме за обезбедување на правосуден систем кој функционира за граѓаните на Северна Македонија, а не за оние кои злоупотребувале власт со децении. Само преку вистинска и длабока реформа, ќе можеме да ја вратиме изгубената доверба на граѓаните во судството“, се вели во реакцијата на коалицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ