понеделник, 25 ноември 2024

Вреди: ДУИ остана сам, дури и СДСМ се покајаа за измените во КЗ

Скандалите и корупцијата инсталирани од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзините сателити ја поткопаа довербата во судството, го попречија економскиот развој и социјалниот напредок. Забелешките и недостатоците евидентирани од Европската комисија во нејзиниот последен извештај јасно покажуваат како претходниот режим ја спроведувал власта со нечесни и незаконски методи. Интервенциите на ДУИ во судскиот систем беа неприфатливи. Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд, само затоа што таа одби да го помилува и да го врати Никола Груевски во Македонија како херој, се вели во денешното соопштение на коалицијата Вреди.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Овие постапки длабоко го потресоа јавното мислење. Исто така, претходната гарнитура го смени Кривичниот законик за да ги намали и застари казните на поранешните функционери, чин кој беше презентиран од ДУИ како усогласување со европските стандарди.

Ова беше уште еден обид за измама на граѓаните и за заштита на нивните лични интереси на штета на правдата и транспарентноста. Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја призна грешката, дали истото ќе го направи и Али Ахмети?

Спротивно на горенаведеното, нашата коалиција е посветена на следење на чист и чесен пат. Се потпираме на поддршката од граѓаните за да изградиме подобра иднина за нашата земја.

Преку функционери избрани без коруптивни дамки, демонстрираме европско однесување и транспарентност во нашите постапки. Заедно, ќе изградиме поправедно и поразвиено општество“, соопшти Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ