четврток, 31 октомври 2024
Прес-конференција на Астрид Иљази

Вреди: Дали Дрин е сопственик на Соравиа или е чичко му Али Ахмети, но ќе одговараат

Веста дека Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, до крајот на годинава ќе се повлече од челната позиција на Сoравиа е еден од показателите дека ДУИ се подготвува за опозиција. И со ова се обидува да избега од одговорноста за криминалот што го направиле членовите на семејството на лидерот на ДУИ. Ова денеска на прес-конференција на коалицијата Вреди пред објектот Соравиа го изјави Астрид Иљази.

Објавено на

часот

Сподели

Но, додаде Иљази, повлекувањето од управниот одбор на Соравиа, не може да го покрие фактот дека внукот на Али Ахмети, на возраст од само 25 години, стана сопственик на капитал вреден 35 милиони евра. Од друга страна, додаде тој, албанските студенти, лекари, полицајци, архитекти, секојдневно ги полнат автобусите за да се исселат во странство, бидејќи тука не можат да си обезбедат егзистенција.

„Овој чекор на Дрин Ахмети открива уште еден факт, дека можеби тој не е директен сопственик на Соравиа, туку неговиот чичко Али, кој се обидува да го скрие своето богатство кај членовите на својата фамилија. Или пак, ова го поттикнува прашањето, дали Дрин Ахмети знае дека откако неговиот чичко нема да биде веќе на власт, тој ќе ја изгуби способноста да биде бизнисмен, да управува со милиони, и дека може да заврши во затвор за несправедливо зголемување на богатството, и на овој начин се обидува да ја сокрие неспособноста и криминалот предизвикан од семејството Ахмети“, рече Иљази.

Тој го постави прашањето дали ќе се отстранат од управните позиции синот, ќерката и зетот на Али Ахмети, од компаниите кои исто така вртат милиони евра годишно, преку тендери што ги добиваат од државните компании?

„Сепак, сè е јасно! Семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, толку длабоко навлезе во криминал, толку што изгуби контрола и не знае како да го прикрие. И во секој обид да се покрие, излегува нов скандал! Но, доброто е што 8 мај е многу блиску! Институциите ќе ги водат луѓе кои се вредни, од Вреди! А коалицијата Вреди, по 8 мај, ќе ги активира сите институции кои имаат задача да ги откријат криминалот и корупцијата. На 9 мај, одговорноста ќе започне и ќе давате отчет за сите криминални и коруптивни дела и афери, преку кои ги полневте џебовите и го зголемивте фамилјарното богатство, а Албанците ги осиромашувавте и ги втурнавте во беда“, рече Астрид Иљази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ