„Враќањето на довербата во правосудниот систем не смее да се сведе на дневна политика. Не сме среќни што една политичка партија како ДУИ се поврзува со сериозни сомнежи и индиции за бројни случаи на политичко-фамилијарна корупција.
Овие поразителни околности фрлаат дамка на сите Албанци. Ваквите сомневања се уште еден аргумент плус дека ДУИ мора час поскоро да се реформира и да почне да делува како конструктивна опозиција.
Наша обврска е да не дозволиме ова заглавено во минатото раководство на ДУИ да се обидува да направи од Албанците штит за нивните корупциски скандали“, соопшти коалицијата Вреди.