„Чувствувам огорченост кога гледам како еден датум кој треба да нѐ обедини се користи за теснопартиски интереси. Веднаш откако официјално ги испративме поканите, меѓу кои и онаа до ДУИ, Али Ахмети одлучи со приватна прослава да го девалвира државното и институционално одбележување на денот на потпишување на Охридскиот рамковен договор. Во името на ликот и делото на мојот татко, ја користам оваа прилика да му се обратам лично на господинот Али Ахмети. Никој нема право да ги приватизира придобивките за Албанците од Охридскиот рамковен договор. Затоа, апелирам до вас, да не правите поделби меѓу нашиот народ. Сите ние треба да го одбележуваме овој ден со почит. Намерите ви се провидни и однапред прочитани. Албанскиот патриотизам не смее да се стави во функција на одбрана на криминал и нечесни политичари.
Загинатите и живите борци на УЧК, како и потписниците на Охридскиот договор Имер Имери и Арбн Џафери, имаа искрени намери и не се бореа и не работеа за наместени тендери и лично богатење. Немој да го сквернавите 13 август 2001. Датумот кој донесе мир, сега вие 23 години подоцна да го користите за поделби меѓу албанскиот народ, само заради тоа што сте опозиција. Искрено се надевам дека ќе ја преиспитате вашата одлука и ќе ја прифатите поканата наместо на партиски настан да присуствувате на државното одбележување на овој важен датум“, изјави Имери Стафаи.