петок, 22 ноември 2024

Вреди: Албанскиот јазик треба да биде таму каде што припаѓа – не процентуално, туку достоинствено

Денеска е голем ден за сите Албанци, и во земјата и надвор од неа! За првпат, овој свет ден официјално се одбележува и на седница на Владата, благодарение на посветеноста на Вреди и блиската врска со граѓаните. Денес го одбележуваме 116-от јубилеј од унифицирањето на Албанската азбука. Овој датум има посебно значење, бидејќи симболизира важен момент
кој ја нагласува важноста на обединувањето на Албанците околу еден идеал“, порачуваат од коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Јазикот е елемент на идентитетот на еден народ, основа врз која се гради идентитетот и сите други елементи на една заедница. Одлуките на Конгресот во Битола покажуваат и денес дека Албанците се ориентирани кон западните и европските вредности. Претставниците на Вреди во Владата го одбележуваат овој значаен ден со гордост, упатувајќи честитки до Албанците секаде. Активностите ќе продолжат со посета на Музејот на азбуката во Битола – местото каде што нашата историја е напишана со посветеност и љубов кон нашиот прекрасен јазик. Потоа ќе учествуваме на научна конференција за да рефлектираме за вредностите и значењето на овој ден, а на крај, овој голем ден ќе заврши со свечена церемонија во Домот на културата во Битола.

Ние сме посветени на тоа албанскиот јазик да биде таму каде што му припаѓа – не процентуално, туку достоинствено! Ние сме посветени на целосна официјализација на албанскиот јазик во Македонија и гарантираме дека навредливиот термин „20 проценти“ ќе биде отстранет. Честит нека биде овој ден на секој Албанец и секоја Албанка, каде и да се наоѓаат. Во вакви денови секогаш да бидеме обединети“, соопшти Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ