недела, 14 јули 2024

Врачено „Рациновото признание“ на Блаже Миневски

Објавено на

часот

Сподели

На македонскиот раскажувач, романсиер, драматург и новинар Блаже Миневски родум од Гевгелија, оваа високо признание му го врачи градоначалникот Марко Колев.

Признанието се доделува за најдобро прозно остварување меѓу две Рацинови средби, а годинава во конкуренција за наградата беа 14 романи.

Примајќи го ова престижно признание, добитникот Миневски пред присутните изјави дека се чувствува и возбуден и почестен од неколку причини, а една е што се наоѓа сосема близу до моштите на Кочо Рацин.

-Пред 30 години ги посетив,односно се симнав во скриптата каде почива Рацин за да пишувам една новинарска репортажа. Тогаш 20-тина минути тивко си поразговаравме со неговите мошти, кои се негде најдолу меѓу сите други. Се разбира тој разговор не влезе во новинарскиот текст, но влезе во романаните кои подоцна ги пишував. Рацин секогаш беше присутен во сите мои книги и како инспирација и како лик и како постојано присуство на чувства на душа на човек кој е вграден во целата наша литература. Познато е дека убавината ќе го спаси светот. Јас вечерва велам дека чувствата ќе го спасат човештвото. Без чувства нема среќа,без среќа нема иднина. Затоа со чувство на почит сакам да се заблагодарам на жири-комисијата што меѓу многуте го избра мојот роман за вака високо и престижно признание, потенцира Миневски.

На свеченоста, oд име на жири-комисијата се обрати Маја Апостолоска, која даде стручно образложение за наградениот роман. На свеченото отворање традиционалната „Беседа за Рацин“ ја даде проф д-р Васил Тоциновски. Воедно свеченоста беше збогатена со музичко сценски перформанс „Рацин-живот без компромис“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ