четврток, 24 октомври 2024

Вработените во Еуроникел бараат судот да прогласи стечај и да добијат обесштетување

Вработени во Еуроникел индустри бараат судот да прогласи стечај во фабриката, тие да добијат обесштетување и да им бидат исплатени три неисплатени плати. Вработените се приклучуваат на барањето на прилепска компанија доверител која веќе има поднесено барање за стечај на Еуроникел.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство Игор Герасов и претседателот на оваа синдикална организација во Еуроникел индустри”, Миле Ѓорѓиев велат дека платите им се приоритетни.

„Барањето ќе биде поднесено во судот во Кавадарци. Всушност, една прилепска компанија доверител претходно има поднесено вакво барање и ние сега само се приклучуваме кон тоа барање за кое ќе се одлучува на втори февруари. Нашите плати се приоритетни, ние како работници сме доверители од прв ред“, рече Ѓорѓиев.

Досегашни вработени во фабриката очекуваат дека по стечајот, ќе се изнајде купувач на имотот од банката доверител што сега го има во сопственост имотот, за пак да се рестартира фабриката.

„Инвеститорот нема врска со стечајот. Инвеститорот работи на купување на делот од банката што е ставен под хипотека, имотот, а компанијата Еуроникел оди под стечај. Ќе се отвори нова компанија и ќе продолжи да стопанисува со комбинатот. Според информациите што ги добивме, финални разговори имало со турски инвеститор и се надеваме дека ќе се постигне договор“, нагласи Герасов.

Во изминатиот период вработените во поранешно Фени на неколку пати протестираа, незадоволни од ситуацијата во која што се најде комбинатот за фероникел, што работи со децении. Тие нагласуваа дека од гигантот директно егзистираат околу 800 семејства, а индиректно многу повеќе и дека години наназад тој претставува значаен фактор во кавадаречката и македонската економија.

Во моментов околу сто луѓе одат на работа во фабриката, за да ја одржуваат печката во топла состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ