вторник, 22 октомври 2024

Вработени во Национални шуми одбиваат да гаснат пожари затоа што не се осигурани

Јавното претпријатие (ЈП) Национални шуми е оставено во катастрофално лоша финансиска состојба, се наоѓа пред колапс со блокирана сметка од Управата за јавни приходи (УЈП), со нерегистрирани возила, а и регистрираните се расипани и не можат да се користат, изјави денеска Кире Михаилов, новиот заменик генерален директор на претпријатието. Дополнителен проблем е што вработени во претпријатието одбиваат да гаснат пожари затоа што не се осигурани.

Објавено на

часот

Сподели

Михаилов тврди дека уште позагрижувачко е што претходниот раководен тим здравствено не ги осигурал вработените, и како што рече, поради тоа оправдано е што вработените во  тимовите за гаснење на пожари одбиваат да гаснат пожари, бидејќи во случај да се здобијат со изгореници или други здравствени проблеми не ќе можат да се лекуваат.

Според него, добра вест е што од вчера  ЈП Национални шуми од Макпетрол ги добиле првите количества на гориво кои ќе биде наменети исклучиво за возилата вклучени во гаснење на пожари, а засега гориво е доставено само во оние подружници во земјава каде Макпетрол има бензиски пумпи.

„Никогаш не било вака. Не знам како дозволија претпријатието да го остават во ваква катастрофална состојба и неподготвено, а кога доаѓаат жештини со големи пожари“, потенцира Михаилов за МИА.

Во врска со пожарот во велешко, меѓу селата Караслари и Црквино во месноста викана Венуле, Михаилов вели дека за жал состојбата е иста и во подружницата Бабуна во Велес каде сите возила за на терен се нерегистрирани, а единственото регистрирано возило дастер е расипано.

„Тоа значи дека ЈП Национални шуми во подружницата Бабуна во Велес нема спремно ниту едно возило за терен. Воедно првично според сознанијата од терен од колегите од подружницата пожарот засега и не е во шумско земјиште, туку во неуредена површина“, појасни Михаилов.

Тој нагласи дека како заменик заедно со генералниот директор Здравко Трајанов прават големи напори во координација со Владата за излез од ваквата тешка финансиска состојба и за нормализирање на работата. Тоа ќе биде  пред сѐ во  насока на заштита на шумите од пожари и други штети, како и за здравствено осигурување на вработените и регистрација на возилата и другите најнеопходни  потреби.

Воедно ова е одговор на Михаилов на обвинувањето на Горан Стојановски раководител на сектор за операции и координација  во Центарот за управување со кризи дадено за медиумите дека за пожарите во велешко биле известени Национални шуми подружница Бабуна Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале горива за возилата, истите не биле исправни и регистрирани и не излегуваат на терен да го гаснат пожарот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ