четврток, 24 октомври 2024

Возач со хјундаи удри дете пред училиштето Јан Амос Коменски во Карпош

Дете е повредено откако во него удри автомобил на улица Варшавска во Скопје. Според објавите на социјалните мрежи, родителите бараат соодветна сообраќајна сигнализација на ова место во Карпош веќе подолго време, но одговор не добиле. Револт кај родителите има и по денешната сообраќајка, а се бара градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски да преземе мерки за безбедност на учениците на ова место каде се вози со многу голема брзина.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од МВР, денеска во 11:25 часот, на улица „Варшавска“, во близина на училиштето Јан Амос Коменски во Карпош, возило марка хјундаи удрило во малолетник. Детето со повреди било пренесено во комлексот клиники „Мајка Тереза“.

Фотографијата е преземена од социјалните мрежи

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ