Полицијата соопшти дека регионален воз удрил во автомобилот со полна брзина во близина на Нојштад ам Рибенберге, во околината на Хановер, пренесе АП.
Во несреќата загинал 22-годишниот возач на автомобилот заедно со две жени кои биле во возилото со него на возраст од 21 и 22 години.
Во возот имало 38 патници и четворица железнички работници, а едно лице е полесно повредено. Автомобилот очигледно налетал на преминот иако бариерите кои не ја покривале целата ширина на коловозот биле затворени.