четврток, 24 октомври 2024

Вонредна седница на Владата за разрешување на директорите на М-НАВ, бара ДС

После неколку мега афери во М-НАВ,денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање, реагираат од Демократскиот сојуз по нападот на вработени во компанијата. 

Објавено на

часот

Сподели

„За да се спречат можни катастрофални последици бараме Владата да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ. Го повикуваме раководството на МВР,да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ, како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање. Со ваков криминалнестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде,уште помалку во Европската унија. Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати, не катастрофа туку катаклизма“, велат од Демократскиот сојуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ