среда, 23 октомври 2024

Војската на Украина: Киев на мета на руски дронови

Русија по петти пат за две недели го нападна Киев со беспилотни летала, при што украинските системи за противвоздушна одбрана го уништија целото воздушно оружје пред да стигнат до главниот град на Украина, соопшти украинската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, на Телеграм објави дека нема жртви и не е забележана значителна штета.

„Овие систематски напади со дронови уште еднаш докажуваат дека освојувачот активно бара можност да го нападне Киев“, рече Попко, пренесува Радио Слободна Европа.

Како што наведе, тие тестираат нови тактики, бараат нови пристапни рути до главниот град и се обидуваат да ја откријат локацијата на украинската ПВО.

Воздухопловните сили на Украина на Телеграм соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 35 од 39 беспилотни летала и две крстаречки ракети лансирани од Русија во текот на ноќта.

Оружјето, додаваат, е насочено кон 10 украински региони.

Не е јасно колку дронови биле лансирани на Киев, пишува Ројтерс.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала три балистички ракети Искандер, без да наведе што им се случило.

Воената администрација на регионот Суми во североисточна Украина, која граничи со Русија, објави на Телеграм дека руска ракета ја оштетила критичната инфраструктура во областа Шосткински.

Управата не соопшти детали за тоа која инфраструктура е зафатена.

Од Русија нема коментар за нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ