недела, 20 октомври 2024

Војници снимени како од покрив фрлаат тела на Палестинци, Израел отвори истрага (ВИДЕО)

Израелската војска отвори истрага откако нејзини војници биле снимени како фрлаат тела на тројца мртви Палестинци за време на рација на Западниот брег.

Принтскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Би-би-си, снимката е направена во Кабатија во близина на Џенин и на една снимка се гледа како израелски воен булдожер крева и отстранува тела.

„Ова е сериозен инцидент кој не е во согласност со нашите вредности и очекувањата од нашите војници“, соопштија вчера Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Локални палестински функционери соопштија дека израелските сили на 19 септември убиле најмалку седум лица во Кабатија.

ИДФ сооопшти дека во Кабатија извел противтерористичка операција во текот на која четворица милитанти биле убиени во размена на оган, а дека тројца биле убиени по напад со дрон на автомобил.

Новинар од Кабатија за Би-би-си изјавил дека во четвртокот наутро израелските трупи опколиле зграда во тој град а дека снајперисти пукале во четворица мажи кои избегале на покривот. Додаде дека по смирувањето на борбите во градот се видело дека израелски војници се качуваат на покривот и ги туркаат телата кои потоа биле натоварени на булдожер.

Според меѓународното право, војниците се обврзани да обезбедат кон телата на борците да се однесува со почит.

Палестинското министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за „злосторство кое ја разоткрило бруталноста на израелската војска“.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби ја опиша снимката како длабоко вознемирувачка.

„Ако се докаже дека е автентична, јасно е дека би претставувало одвратно и страшно однесување на професионалните војници“, кажа Кирби.

Според податоците на палестинското министерство за здравство, повеќе од 41.000 Палестинци се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната на Израел на 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ