петок, 18 октомври 2024

Војдан ќе почека на дебито за Доњецк

Објавено на

часот

Сподели

Според медиумите од поранешната советска република, странските кошаркари имаат право да направат трансфер од еден во друг украински тим само во преодниот рок што почнува од 1 февруари, а трае до 22 февруари. Со оглед на тоа што Стојановски во првиот дел од сезоната го носеше дресот на екипата на Черкаси мавпи, која е од Украина, правото за настап во таборот на Доњецк ќе го добие со првиот ден од следниот месец. Тоа значи дека еден од тројцата браќа Стојановски (неговиот брат-близнак игра во Лукоил, а најстариот Огнен игра во МЗТ Скопје) дебито во таборот на Доњецк во украинското првенство ќе го има на 2 февруари во пресметката со екипата на Феро ЗНТУ за која своевремено настапуваше неговиот репрезентативен колега, Ѓорѓи Чековски.

Стојановски, сепак, би можел претходно да настапи за Доњецк, но на натпревар од Еврокупот. Тој неделава беше во составот на лидерот на украинското првенство на гостувањето против француски Асвел, но не доби шанса да покаже што знае. Следна можност за нешто такво ќе има следниот вторник кога во Доњецк гостува грчки Арис.

„Војдан не беше подготвен за настап против Асвел бидејќи само еден ден порано дојде во нашиот клуб и немаше доволно време да се запознае со начинот на кој играме. Но, оттогаш тој тренира напорно, полека влегува во нашиот систем и верувам дека ќе биде одлично засилување за Доњецк.“, изјави Саша Обрадовиќ, српскиот стратег на клупата на украинскиот прволигаш.

И.К.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ