сабота, 19 октомври 2024

Воениот режим во Нигер ја отфрли понудата за дијалог

Објавено на

часот

Сподели

Два дена пред самитот на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) за ситуацијата во Нигер, војниците на власт во Ниамеј објавија дека не може да ја примат делегацијата на организацијата од безбедносни причини.

„Сегашните околности, во кои преовладуваат гневот и бунтот на населението поради санкциите на ЕКОВАС, не ни дозволуваат да ја пречекаме споменатата делегација во мир и безбедност“, се вели во писмото на Министерството за надворешни работи на Нигер, испратено до ЕКОВАС во понеделникот.

Во писмото се наведува дека одложувањето на состанокот планиран за вторник „се покажа како неопходно (…) поради очигледни безбедносни причини, додека се заканува агресија врз Нигер“.

Во писмото не се споменуваат Африканската унија (АУ) и ОН, чии претставници требаше да ги придружуваат претставниците на ЕКОВАС во Ниамеј, велат дипломатски извори.

Истото министерство во друго писмо објави дека „привремено се укинуваат постојаните дипломатски дозволи“ дадени во 2023 година „за авиони на пријателски и партнерски земји на Нигер“, без да се прецизира за кој тип на авиони и за кои земји се мисли.

ЕКОВАС се закани дека воено ќе интервенира во Нигер за да го врати претседателот Мохамед Базум соборен со пуч на 26 јули.

Таа закана во форма на седумдневен ултиматум што им го дадоа лидерите на ЕКОВАС на војниците на Нигер не се реализираше откако истече во неделата вечерта, бидејќи организацијата рече дека му дава приоритет на дијалогот.

Одложувањето на посетата на западноафриканската делегација следи по уште еден знак за недоверба на новите лидери на Нигер, а тоа е назначувањето на цивилниот премиер Али Махаман Ламин Зеин во понеделникот вечерта, што може да биде првиот чекор кон назначување на преодна влада.

„Јасно е дека дипломатијата е најдобриот начин да се реши оваа ситуација“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Потоа, портпаролот на Стејт департментот рече: „Не губиме надеж, но исто така сме реални за успехот на дипломатијата“.

Франција, поранешна колонијална сила која редовно се оцрнува на протестите во Западна Африка, во вторникот преку дипломатски извор изјави дека ги поддржува „напорите на земјите во регионот да ја вратат демократијата во Нигер“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ