четврток, 24 октомври 2024

Воени бродови тргнаа кон Европа, 90.000 војници ќе се подготвуваат за напад на Русија

НАТО ги испрати своите први бродови од Северна Америка кон Европа за најголемата воена вежба во последните неколку децении, пишува германската агенција ДПА. Според командата на сојузничките сили во Европа, американскиот десантен брод Ганстон Хол заминал од своето матично пристаниште во Норфолк во американската сојузна држава Вирџинија за да го почне патувањето кон Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Канадска фрегата исто така треба да заплови од Халифакс кон Европа. Околу 90.000 војници ќе учествуваат во големата воена вежба наречена „Решителен бранител“ која ќе трае до крајот на мај. Командата на западниот воен пакт во белгискиот град Монс објави дека првата голема вежба ќе почне на 11 февруари.

„Алијансата ќе ја покаже својата способност да го јакне северноатлантското подрачје со трансатлантски транспорти на војници од Северна Америка“, кажа командантот на сојузничките сили во Европа Кристофер Каволи.

Според информациите на ДПА, сценариото за воената вежба ќе биде руски напад на сојузничка територија, што би спаѓало под членот 5 на договорот на НАТО, според кој напад на една членка на воениот пакт се смета за напад на сите членки.

Најголемата воена вежба на НАТО од крајот на Студената војна се одржа во 2018 година, главно во Норвешка, а во неа учествуваа околу 51.000 војници. Последните маневри на НАТО кои беа поголеми од овие кои се очекуваат оваа година биле организирани пред распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ