недела, 14 јули 2024

Водата блика низ оштетената брана во Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Зеленски на својата страница на Телеграм сподели видео од оштетената брана Каховка.

Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар како дел од хидроцентралата Каховка.

Содржи резервоар што го снабдува со вода полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, која исто така е под руска контрола.

Украинската војска соопшти дека руските сили ја урнале браната.

Сè уште нема „критична опасност“ за нуклеарната централа Запорожје поради уривањето на браната Нова Каховка, соопшти во вторникот руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи официјален претставник во регионот Запорожје, кој има поддршка од Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ