недела, 20 октомври 2024

Водачите на државниот удар во Нигер: Соборениот претседател може да биде суден за велепредавство

Објавено на

часот

Сподели

Водачите на државниот удар го затворија Базум и ја распуштија избраната влада, предизвикувајќи осуда од западноафриканските сили кои мобилизираа резервни воени сили кои би можеле да интервенираат за да го вратат владеењето на Базум.

Полковникот Амаду Абдрамане, портпарол на хунтата, на државната телевизија изјави дека новата влада „ги собрала потребните елементи за казнено прогонство на соборениот претседател за велепредавство и поткопување на внатрешната и надворешната безбедност на Нигер“.

Главниот регионален блок во Западна Африка ЕКОВАС се очекува да поттикне дополнителни разговори со хунтата денеска, сигнализирајќи потенцијална подготвеност за изнаоѓање дипломатско решение за новонастанатата ситуација.

Парламентот на блокот во саботата соопшти дека сака да испрати делегација да се сретне со хунтата во Ниамеј. Советот за мир и безбедност на 55-члената Африканска унија, исто така, се очекува да се состане во понеделник за да разговара за ситуацијата во Нигер, знак за нивото на загриженост поради можните последици од седмиот државен удар во три години во Западна и Централна Африка.

Во прашање не е само судбината на Нигер, главниот производител на ураниум и западен сојузник во борбата против исламистичкиот бунт, туку и влијанието на ривалските глобални сили со стратешки интереси во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ