петок, 18 октомври 2024

Во својство на сведок испрашано момчето кое пукаше во основното училиште во Белград

Објавено на

часот

Сподели

Синот на осомничениот, кој во време на спомнатите дејства немал навршени 14 години и како таков не е кривично одговорен, изјавата ја дал во својство на сведок во присуство на законскиот застапник, својата мајка, се наведува во соопштението на Вишото јавно обвинителство.

Тој бил испрашан преку видео конференциска врска воспоставена меѓу здравствената установа во која се наоѓа на опсервација и Вишото јавно обвинителство во Белград.

Во обвинителството се наоѓале постапувачкиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, полномошниците на оштетените и бранителот на обвинетиот Владимир К.

Сите прашања на присутните упатени до синот на осомничениот, поставувани се преку постапувачкиот јавен обвинител.

Вишото јавно обвинителство во Белград води истрага против Владимир К. поради сомнеж дека во претходниот период го обучувал својот син да ракува со огнено оружје и муниција, со тоа што го водел во стрелачки клуб за да вежба гаѓање мети од огнено оружје. И покрај фактот што детето има 13 години и дека таквата активност и обука очигледно не одговараат на неговата возраст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ