вторник, 26 ноември 2024

Во струмичкото село Банско, фатени двајца осуденици барани со потерница

На 12.11.2024 во 21.15 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.П.(52) од село Банско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Штип.

Објавено на

часот

Сподели

И.П. е осуден на затворска казна во траење од пет години и пет месеци за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, а имал за доиздржување три години и четири месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип.

Истиот ден, на 12.11.2024 во 18.40 часот, исто, во село Банско, струмичко, полициските службеници од Одделението за потраги при МВР го лишиле од слобода М.А.(24) од Кочани. Тој бил баран по распишана потерница за издржување казна затвор во траење од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“.При преглед кај лицето, пронајдена е марихуана. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ