вторник, 22 октомври 2024

Во Србија почна да функционира систем за итно алармирање за исчезнати деца

Во Србија денес официјално почна со работа системот со кој итно се алармира јавноста и се почнува потрага по исчезнати деца.

Објавено на

часот

Сподели

Системот наречен Амбер алерт или Пронајди ме служи за итно известување на јавноста при случаи на исчезнати деца, а според директорот на Центарот за исчезнати и злоставувани деца Игор Јуриќ, ова е прв таков систем во регионот.

Јуриќ потсети на трагедијата во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ кога во мај годинава 13-годишно момче пукаше во своите соученици, кажувајќи дека општеството згрешило и дека вината е заедничка.

Како што претходно беше најавено, полицијата ќе одлучува за активирањето на системот по проценка, кога ќе добие пријава, освен во случај кога се активира автоматски – ако исчезнатото дете е загрозено, ако станува збор за деца со инвалидитет до 18 години или помлади од седум години.

Дежурната полициска служба по собирањето на основните податоци ги известува сите полициски службеници за отворањето истрага за исчезнатото дете и на електронската платформа ќе се објави известување за неговото исчезнување.

Во тоа ќе бидат вклучени и медиумите, кои ќе ја прекинуваат редовната програма објавувајќи фотографија од исчезнатото дете и релевантните информации, на пример за местото каде последен пат е видено. Овие пораки ќе ги испраќаат и мобилните оператори, а пораките ќе ги емитуваат и компании како Аеродромот Никола Тесла, автобуските и железничките станици.

Во втората фаза кругот на ширење на известувањето би ги опфатил трговските центри и социјалните мрежи.

Повиците на граѓаните би се примале на полицискиот број 192, а по наоѓањето на детето сите известувања се бришат. Системот е наречен по деветгодишното девојче од Тексас Амбер Хагерман која била грабната и убиена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ