четврток, 24 октомври 2024

Во Србија е убиен граничен полицаец

Во Лозница, град на западот на Србија, еден полицаец е убиен, додека друг е тешко ранет, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјави, силни полициски сили трагаат по напаѓачот, јавува РТС.

„Околу 55 минути по полноќ во Лозница, при контрола на возило на контролниот пункт во Липнички Шор, полициски службеници од граничната полициска станица Трбушница запреле мерцедес со тутинска регистрација, во кој имало две лица“, се вели во соопштението на Министерство за внатрешни работи на Србија.

Се додава дека, при излегувањето од возилото, едно лице пукало од пиштол, погодувајќи го полицаецот Никола Крсмановиќ (1990) во градите и полицаецот Вјекослав Илиќ (1974) во рамото.

Напаѓачот потоа побегнал.

Едниот од осомничените наводно бил приведен на местото на настанот, а по другиот интензивно се трага. Во потрагата се вклучени и полициски хеликоптери.

На местото на престрелката полицијата го пронашла пасошот на осомничениот Хајзири Артан (1991) од Косово.

Двајцата полицајци биле пренесени во Општата болница Лозница, каде Крсмановиќ им подлегнал на повредите.

Повредениот полицаец е примен со рани во грбот и рамото и е во стабилна состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ