недела, 14 јули 2024

Во Слупчане и Арачиново ЕВН не може да ја реконструира мрежата или да поправи дефект

Објавено на

часот

Сподели

Од ЕВН велат дека нивните екипи веќе шести ден не можат да поправат дефект на извод на дистрибутивната мрежа бидејќи тројца мештани не им дозволуваат да работат. Поради нивното нехумано однесување, 160 жители се без струја.

Тројцата арачиновци и на ЕВН и на општината им се познати по бројни злоупотреби и кражби на електрична енергија. Сите ги знаат А.Ќ., Р.С. и Д.Н., но никој ништо не им може.

Екипите на ЕВН секој ден чекаат на интервенција на МВР каде што бил пријавен овој случај.

И во кумановското село Слупчане екипите на ЕВН имаат проблем да ја реконструираат и модернизираат мрежата. Повеќе од 200 селани вчера се собрале на влезот од селото и не им дозволувале влез на екипите на ЕВН да работат, јави ТВ Алсат. И за овој случај МВР има информација, а ЕВН ја очекува нивната интервенција за да може да ја завршат реконструкцијата на мрежата неопходна за да се подобрат напонските прилики и да се овозможи точно мерење на потрошената електрична енергија на корисниците во селото.

Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа”, информираат од ЕВН.

Вкупните годишни загуби поради кражбите во село Слупчане изнесуваат над 1 милион евра или процентуално 80% од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се наплаќа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ