вторник, 22 октомври 2024

Во Скопје Дачиќ и ОДИХР ја потврдија определбата за следење на изборите во Србија

Објавено на

часот

Сподели

Србија ќе продолжи да работи на унапредување на изборниот процес во согласност со препораките на ОДИХР и очекува да продолжи соработката и на други теми.

Дачиќ и Меккачи, како што се наведува во соопштението на српското Министерство за надворешни работи, оцениле дека „досегашната соработка меѓу Србија и ОДИХР била пријателска и партнерска, со заемна доверба, со цел да се подобри изборниот процес, да се зајакнат демократските институции и да се спроведат реформи во приоритетните области“. 

Инаку, Дачиќ пред почетокот на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје изјави дека тоа ќе биде тежок состанок.

„Имајќи ја предвид тежината на ситуацијата со која се соочува меѓународната заедница, не е лесно функционирањето на оваа организација и, имајќи предвид дека консензусот е начин на одлучување и дека не беше можно да се постигне договор за заедничките ставови и за најважните актуелни прашања, затоа овој состанок е важен. Да се обидеме да постигнеме компромис за буџетот и функционирањето на целата организација, без да зборуваме за тоа колку е загрозена таа организација што е создадена за време на Студената војна и постоењето на два блока за спречување конфликти. Ќе биде тежок тој состанок во Скопје“, изјави Дачиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ