среда, 20 ноември 2024

Во сите поголеми македонски градови загаденоста на воздухот е голема

Синоќешните мерења на загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките покажуваат двојно и тројно зголемена загаденост по дозволените 50 микрограми на кубен метар воздух, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина. Во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот е поголема од максимално дозволените вредности.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје повторно мерната станица кај Лисиче покажува најголеми резултати од загаденоста на воздухот со ПМ10 честички – 133 μg/m3, а и во Центар е висока – 98,54.

Од другите градови високи концентрации со ПМ10 честичките во воздухот регистрирани се и во Кавадарци 113,6, Кичево 122,9, Битола 92,  а високи се вредноститре и во Струмица, Куманово, Охрид, Гостивар…

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ