недела, 20 октомври 2024

Во силен земјотрес на југот на Турција најмалку 23 лица се повредени, оштетени се згради (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Неколку згради беа оштетени во земјотресот во четвртокот, јавува Еј-би-си њуз.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Јешиљурт во покраината Малатија, а бил почувствуван и во покраината Адијаман.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека повеќето од повредите се предизвикани од пад или скок од голема височина.

Гувернерот на покраината Малатија Ариф Џилмаз изјави за Анадолија дека нивните тимови за управување со катастрофи и вонредни состојби се на терен.

Џилмаз додаде дека прелиминарните информации го потврдуваат уривањето на една напуштена зграда.

Приватната телевизиска куќа НТВ јавува дека на зградите се гледаат штетите од земјотресот.

Малатија, каде што беше епицентарот на земјотресот, беше меѓу покраините тешко оштетени од земјотресот пред половина година.

Локалните власти тогаш соопштија дека само во таа покраина загинале околу 2300 луѓе.

Два големи земјотреси и многу последователни потреси ја погодија југоисточна Турција и северна Сирија во февруари, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ