сабота, 26 октомври 2024

Вo Шпанија Врховниот суд ја укина забраната за рекламирање игри на среќа

Врховниот суд на Шпанија ја укина забраната за рекламирање игри на среќа почитувајќи ги регулаторните правила на ЕУ. Забраната се однесуваше на рекламирање на игри на среќа преку ТВ и Интернет.

Објавено на

часот

Сподели

Судот му наложи на регулаторот да најде рамнотежа помеѓу загарантираната слобода на деловното работење на компаниите – организатори и заштитата на потрошувачите – играчите.

Укината е и претходно постоечката забрана за присуство на познати личности (инфлуенсери) во реклами, што судот го оцени како повреда на слободата на говорот. Оваа одлука на Врховниот суд на Шпанија носи голема промена за целата индустрија за дигиталниот маркетинг, што укажува на потребата од пропорционално регулирање на деловните активности.

Во Македонија во септември Владата укина лиценци на четири компании за организирање на игри на среќа, а во тек е јавната расправа за учеството на познати спортисти во рекламирањето на игрите на среќа. Се најавува и ново законско решение за регулација на игрите на среќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ