петок, 18 октомври 2024

Во САД се враќаат трките на мраз

Објавено на

часот

Сподели

 

 

Брзата возбуда и изненадувањата на Ред бул се враќаат во САД отворајќи ја сезоната 2012 во Сент Пол. Моменталниот шампион Арту Пихлаинен (Финска) ќе се потруди да остане прв пред јатото Канаѓани и брзи натпреварувачи што доаѓаат од целиот свет.

Светскиот шампионат почнува на 14 јануари на крајбрежјето на смрзнатата река Мисисипи во Сент Пол, Минесота. Во 12-та сезона борбата за титула на еден од највозбудливите зимски спортови ќе продолжи во Холандија и Шведска во февруари, завршувајќи во Квебек (Канада)во март, пред публика поголема од 100 илјади гледачи.

Трките на мраз се комбинација од агилност, вештина во лизгање и бестрашност при скијање со брзина од 70 километри на час. На секое симнување има по четворица скијачи кои се туркаат  за позиција додека се борат да стигнат први до целта, скокајќи, лизгајќи, преминувајќи препреки и остри кривини. Само првите двајца продолжуваат понатаму. Од вкупно 54 натпреварувачи само четворица се борат за победа во финалето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ