понеделник, 25 ноември 2024

Во САД е започната истрага против компанијата која го создала ЧетГПТ

Објавено на

часот

Сподели

Американската Федерална трговска комисија (ФТЦ) започна опсежна истрага против ОпенАИ, производителот на ЧетГПТ, за можни прекршувања на законите за заштита на потрошувачите. Федералната комисија, според Си-ен-ен, истражува дали четботот ѝм наштетил на потрошувачите со собирање на податоци и објавување на лажни информации за поединци.

Во истражното барање од 20 страници поднесено оваа недела, ФТЦ побара од компанијата за истражување и примена на вештачката интелигенција ОпенАИ да одговори на десетици барања, почнувајќи од тоа како ги добива податоците што ги користи за своите големи јазични модели до „капацитетот на ЧетГПТ да генерира изјави за вистински поединци кои се лажни, погрешни или омаловажувачки“, според Си-ен-ен.

Документот прв го објави Вашингтон пост, а извор запознаен со ова прашање ја потврдил неговата автентичност за Си-ен-ен.

„ОпенАИ не одговори веднаш на барањето за коментар, додека ФТЦ одби да коментира“, според Си-ен-ен.

„Државната агенција оваа недела испрати барање од 20 страници до компанија со седиште во Сан Франциско за да обезбеди информации за тоа како компанијата се справува со ризиците поврзани со нејзините модели со вештачка интелигенција“, се вели во документот што го видел Вашингтон пост.

Ова, според весникот, „претставува најмоќната регулаторна закана за операциите на ОпенАИ во САД досега“, имајќи предвид дека компанијата тргна „во офанзива“ за да ја обликува иднината на политиките за примена на вештачката интелигенција на глобално ниво.

Аналитичарите ја нарекоа ЧетГПТ „најбрзорастечката апликација за потрошувачи во историјата“, а нејзиниот брз успех предизвика трка меѓу компаниите од Силиконската долина да воведат конкурентни четботови, пишува весникот.

„Извршниот директор на компанијата, Сем Алтман, се појави како влијателна личност во дебатата за регулирање на вештачката интелигенција, сведочејќи на Капитол Хил, вечерајќи со пратениците и состанувајќи се со претседателот Бајден и потпретседателот Харис“, истакна Вашингтон Пост.

Но, сега, се вели дека компанијата се соочува со нов тест во Вашингтон, каде што Федералната трговска комисија издаде повеќе предупредувања дека постоечките закони за заштита на потрошувачите се применуваат на вештачката интелигенција, дури и додека администрацијата и Конгресот се борат да дефинираат нови регулативи, за кои веќе беше најавено дека заостануваат неколку месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ