„Селото Снихуривка синоќа беше погодено од непријателски ракетен оган “, изјави Виталиј Ким гувернерот на Миколаев на Телеграм.
Ким изјави дека во еден од нападите биле убиени двајца тинејџери, истакнувајќи дека биле оштетени станбени згради, образовна институција и приватна компанија.
Тој додаде дека во Снихуривка се оштетени две образовни институции, болница, културен дом и станбени објекти.
Според податоците на Обединетите нации во војната во Украина досега се убиени 8.490 цивили, а 14.244 се ранети.