недела, 27 октомври 2024

Во Русија е уапсен уште еден висок функционер на Министерството за одбрана

Судот во Москва денеска му одреди двомесечен притвор на шефот на градежниот сектор во Министерството за одбрана, Андреј Белков, поради сомнение дека ја злоупотребил положбата, што е последно во серијата апсења високи функционери на министерството оваа година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Андреј Белков беше на чело на Военото градежно претпријатие, кое гради бази, болници, училишта и други важни објекти за војската. Компанијата била под надзор на заменик-министерот за одбрана Тимур Иванов, кој во април беше уапсен под обвинение за давање и примање поткуп.

Иванов, шефот на Белков, му беше близок соработник на Сергеј Шојгу, кој во мај беше сменет од претседателот Владимир Путин од функцијата министер за одбрана. Неколку други високи воени личности исто така беа уапсени под обвинение за измама или поткуп.

Рускиот интернет-портал Медуза се повикува на неименувани извори дека Белков е уапсен во врска со набавката на апарат за томографија по превисока цена при реконструкција на воено-медицински центар.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 10 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ