четврток, 24 октомври 2024

Во пожар во трговски центар во Кина најмалку 16 лица загинати (ВИДЕО)

Најмалку 16 лица загинаа во пожар во трговски центар во градот Зигонг во кинеската провинција Сечуан, јавуваат државните медиуми.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според извештаите, 30 луѓе биле спасени во средата вечерта. Пожарот бил изгаснат, а спасувачките операции завршиле во текот на ноќта.

Иако сè уште не е јасна точната причина за пожарот, прелиминарната истрага сугерира дека тој бил предизвикан од градежни работи на зградата, јавува Би-би-си.

На снимката објавена од кинеските државни медиуми и на социјалните мрежи се гледа густ црн чад како се издига над 14-катната зграда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ