вторник, 22 октомври 2024

Во пожар во карбинско изгоре скоро 20 хектари неожнеано жито

Меѓу селата Долни Балван и Трогерци во Општина Карбинци заплен е комбајн и поголема површина на неожнеано жито. Командирот на Територијалната Противпожарна едница (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели дека пожарот настанал откако се запалил комбајн кој жнеел јачмен, по што огнените јазици зафатиле и дел од неожнеаното жито.

Објавено на

часот

Сподели

Повикот пристигнал околу 14 часот, а во моментов е изгаснат и пожарникарите се вратени од терен.

„Комбајнот е опожарен, за среќа имале противпожарен апарат и не дозволиле да биде зафатен целосно, но пожарот се проширил и по ожнеаниот дел, но и по житото кое требало да се жнеее, околу 20 хектари се зафатени“, вели Ренџов за МИА.

Пожарот го гаснеле осум пожарникари со три противпожарни возила. Ренџов вели дека денеска имале и уште една помала интервенција во градот Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ