недела, 20 октомври 2024

Во последен момент продолжено примирјето, Хамас пушти уште 16 заложници

Објавено на

часот

Сподели

Хамас, кој вчера ослободи 16 заложници за ослободување на триесет Палестинци од израелските затвори, во изјава кажа дека примирјето ќе продолжи седми ден. Милитантната група која владее со Газа претходно објави дека Израел одбил во замена за понатамошно продолжување на примирјето да прими седум жени и деца кои Хамас ги држи како заложници, како и телата на уште тројца за кои Палестинците тврдат дека се убиени за време на израелските бомбардирања на енклавата.

Портпаролот на израелската војска Дорон Шпилман претходно исто така кажа дека не е постигнат договор за следните заложници кои ќе бидат ослободени.

„Затоа, ако оваа рамка истече, израелската војска е целосно позиционирана и спремна повторно да ги почне воените операции против Хамас во Појасот Газа“, изјави тој.

Израелските медиуми јавија дека војската ќе продолжи со нападите врз Газа во седум наутро по локално време, ако владата до тоа време не добие листа на заложниците кои треба да се ослободат, а кои ги исполнуваат нивните критериуми.

Оруженото крило на Хамас им порача на своите борци во Појасот Газа да бидат спремни за продолжување на војната со Израел ако привременото примирје не продолжи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ