недела, 20 октомври 2024

Во Појасот Газа загинаа 2.383 Палестинци, повеќе од 10.000 се ранети 

Министерството за здравство во Појасот Газа утринава соопшти дека само на палестинската територија загинале 2.383 лица, 10.814 се ранети, пренесува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на истото министерство, само во изминатите 24 часа во Појасот Газа загинале околу 300 лица, претежно жени и деца, 800 се ранети, јавува Си-ен-ен.

Израел возврати со напади на Газа и на Западниот Брег по воздушните и копнените напади на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, во кои загинаа 1.300 Израелци.

Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле околу 1.500 палестински екстремисти кои се инфилтрирале во јужниот дел на Израел откако ја пробиле граничната ограда и повеќе од 1.300 цивили.

Тие заробија и одведоа во Појасот Газа околу 150 војници и цивили, меѓу кои жени, деца и постари лица, јавуваат израелските медиуми.

Во Израел, повеќе од 3.300 лица беа ранети во првичните напади на Хамас и континуираниот ракетен напад од Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ